Yusuf Hatip
10 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Франс Тимерманс, првиот потпретседател на Европската комисија истакна дека е неприфатливо секоја критика упатена кон работата на израелската Влада да биде окарактеризирана како антисемитизам, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата што ја организираше Европската комисија, Тимерманс потсети дека на дневен ред на меѓународната јавност се наоѓаат изнаоѓањето решение за дводржавност на Израел и Палестина и изградбата на нелегалните еврејски населби од страна на Израел.
„Оние кои тврдат дека моите критики се инспирирани од антисемитизмот, никогаш нема да бидат пречка за моите критики упатени кон израелската Влада поради нивните активности, бидејќи таквиот коментар е сосема неразумен“, истакна Тимерманс и додаде:
„Неприфатливо е секоја критика упатена кон работата на израелската Влада да биде окарактеризирана како антисемитизам. Секој има право да ја критикува израелската Влада“, изјави првиот потпретседател на Европската комисија.