Ömer Faruk Yıldız
10 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – Поранешниот малезиски премиер, Наџиб Резак, е приведен во рамките на истрагата за корупција водена во Фондот за развој на Малезија (1МДБ), а подоцна е условно ослободен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што се појавија во локалните медиуми, поранешниот премиер, за време на неговото владеење наводно бил тајно вмешан во инспекциските извештаи на Компанијата (1МДБ). Тој во утринските часови e притворен во зградата на Комисијата за спречување на корупцијата на Малезија (MACC) за да даде изјава за неговата наводна вмешаност во инспекциските извештаи.
Резак бил притворен приближно 2,5 часа, по што бил ослободен условно, а во врска со предметот, последен пат е испрашуван од судиите на 6 декември.
Мадинах Мухамад, претседателот на Националниот завод за ревизија, во изјавата дадена на 25 октомври истакна дека тајно биле избришани одредени параграфи од инспекциските извештаи на компанијата (1МДБ), која му припаѓа на бизнисменот Лоу Таек Хо, кој во моментов е во бегство. Бизнисменот Таек е под истрага поради корупција.
- Истрага за корупција во 1МДБ -
Во документите од истрагата за корупција во Фондот за развој на Малезија (1Malaysia Development Berhad - 1MDB) се тврди дека поранешниот премиер Резак, преку институции, банки и организации кои се поврзани со Фондот, на своите банкарски сметки префрлил 681 милиони долари.
Малезијците со денови одржуваа протести со барање да му се суди на поранешниот премиер.
Јавното обвинителство соопшти дека сумата од 681 милиони долари на личните сметки на Наџиб Резак биле лични донации од саудиското кралско семејство. Откако тоа го потврди саудиската Влада, Наџиб беше ослободен од обвиненијата за корупција.
Истрагата за Резак повторно започна откако на 6 мај ги загуби локалните избори. Во рамките на истрагите за корупција во компанијата 1МДБ, против поранешниот премиер на Малезија се подигнати над 30 обвиненија.