Hasan Esen
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - На виделина излезе дека една мрежа на ПКК во Белгија продава дрога во половина Европа, а милионите евра добиени од продажбата им ги префра на терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Според белгиската новинска агенција „Белга“, во операциите кои беа спроведени во Австрија и Белгија, искоренета е една од мрежите за трговија со дрога на ПКК во Европа.
Се дознава дека мрежата на ПКК со седиште во градот Хаселт, кој се наоѓа во фламанското подрачје на Белгија, дрогата во Европа ја вметнувала преку белгиското пристаниште Антверпен и холандското пристаниште Ротердам.
Дрогата преземена од пристаништата била транспортирана до една куќа во Хаселт, во која се делела на пакети од по 5 килограми и се поставувала во скриени делови од автомобилите. Членовите на оваа мрежа на ПКК потоа ја дистрибуирале дрогата во половина од земјите на Европа, меѓу кои и Германија, Австрија, Белгија, Франција, Холандија и Швајцарија.
- Извршен е упад во куќата -
Во рамките на истрагата извршен е упад во куќа во Хаселт. При претресот, во куќата се пронајдени 30 килограми кокаин, 12 килограми хероин, голем број таблети на синтетичка дрога, оружје и 800.000 евра.
Во Австрија 4 лица добија вкупна затворска казна во висина од 21,5 години, додека по петтиот член од групата, кој е во бегство, издадена е потерница.
Во Белгија се приведени 10 лица, меѓу кои се наоѓа и таканаречениот лидер на мрежата.
- Од Белгија за ПКК заминаа милиони евра -
Во веста објавена во весникот „Het Belang van Limburg“ кој излегува на фламански јазик, се вели дека мрежата само од хероин остварувала милионски приходи кои потоа ги префрлала на терористичката органзиација ПКК.
- Активности на ПКК во Белгија -
И покрај забраната за делување на ПКК, оваа терористичка организација делува во поголем број европски земји. Во 2014 година на виделина излезе дека стотици членови на ПКК кои живеат во Белгија, меѓу кои и таканаречени лидери на оваа организација, во оваа земја отвориле камп.
ТВ каналите на оваа терористичка организација кои емитуваат програма во Белгија, минатата година беа на дневен ред по судскиот процес кој се водеше против 36 членови на сепаратистичката организација, вклучувајќи ги и наводните лидери на оваа организација. Судот во Белгија донесе одлука дека обвинетите „не се членови на терористичката организација ПКК”. Подоцна по жалбата на сојузниот обвинител, процесот беше одново започнат. Доделувањето дозвола за поставување шатор на членовите на ПКК во Брисел предизвика реакција од страна на Турција.
- Бранот тероризам на ПКК во Европа -
Во Извештајот за трендот и состојбата на тероризмот во Европа 2017, подготвен од страна на Европската полициска организација - Европол, се наведува дека терористичката организација ПКК минатата година во земјите од Европската Унија (ЕУ) извршила серија напади врз турските институции, културни центри и сопственост, а продолжуваат активностите за присилно собирање донации, пропаганда на организација со цел да се придобијат нови членови. Во извештајот се вели и дека оваа терористичка организација во подрачјето на Алпите во Швајцарија има формирано камп.
Турција, која ги критикува поголемиот број земји од Европа, меѓу кои и Белгија, постојано истакнува дека терористичката организација ПКК има голема улога во трговијата со дрога во Европа.