Ecenur Çolak
07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хосе Мануел Гарсија-Маргаљо, денес во Анкара изјави дека целта на неговата посета на Турција е да ја пренесе поддршката на таа земја по обидот за државен удар што се случи на 15 јули оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за обидот за државен удар што во Турција го изврши терористичката организација ФЕТО, Маргаљо изјави дека „основната цел на посетата на Турција е да ја пренесе поддршката од шпанскиот за турскиот народ“.
На прес-конференцијата во Анкара, по состанокот со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, тој изјави дека Турција и Шпанија се пријателски и сојузнички земји. Според неговите зборови, Шпанија ќе продолжи да го поддржува напредувањето на Турција кон членството во ЕУ.
Шпанскиот министер изјави и дека Турција сторила и повеќе од доволно за да се потиснат мигрантската и хуманитарната криза и напомена дека таа земја заземала многу важна улога во таа приказна, па од тоа произлегува и надежта дека работите во врска со договорот на Турција и ЕУ за мигрантите и визната либерализација за граѓаните на Турција наскоро ќе тргнат кон подобро.
Маргиљо го повика Советот на безбедност на ОН итно да пронајде решение со цел спречување на судирите во Сирија, особено во Алепо, кој е цел на постојани напади и во кој животот го загубија илјадници луѓе, меѓу кои и голем број деца.