Vesna Besiç
06 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
САРАЕВО (АА) - Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина на денешната вонредна седница донесе одлука за изземање на целокупниот изборен материјал за локалните избори во општина Сребреница, кој ќе биде доставен до редовна постапка во главниот центар за броење на гласови во Сараево, каде што ќе се пребројат гласовите од останатите пет избирачки место, јавува Anadolu Agency (АА).
За оваа одлука гласаа пет членови на ЦИК, додека двајца членови беа против.
„Откако ОИК на Сребреница не постапи по заклучокот на ОИК Сребреница не постапи по заклучокот на ЦИК, со кој е одобрено нивното барање да се утврдат резултатите од пет редовни изборни места, ЦИК денес тој заклучок го стави надвор од употреба. Таа работа ќе биде извршена во Главниот центар за броење на гласовите во Сараево, откако целиот изборен материјал по веќе утврдена редовна процедура ќе биде доставен во складиштето на ЦИК", рече гласноговорничката Максида Пириќ.
Таа додаде дека изборниот материјал од локалните избори во БиХ, одржани на 2 октомври, во Главниот центар за броење на гласовите во Сараево ќе биде доставен во сабота, на 8 октомври.