Ekipa
14 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
СОЧИ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со својот рускиот колега Владимир Путин пред Трилатералниот самит за Сирија во Сочи, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата Ердоган истакна дека Турција ја поддржува идејата за безбедносни зони во Сирија, сѐ додека таа служи за решавање на загриженоста околу турската национална безбедност.
Тој додаде дека во врска со безбедносните зони Турција е задоволна од позитивниот пристап и на Русија кон таа идеја.
„Сирискиот територијален интегритет нема да се обезбеди доколку терористичката организација ПЈД/ПКК не се исчисти од Мунбиџ и источно од Еуфрат“, му рече Ердоган на рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, пред нивниот трилатерален состанок со нивниот ирански колега.
Ердоган изјави и дека Турција го поздравува позитивниот став на Русија кон предложената безбедносна зона во Северна Сирија, додавајќи дека Турција, исто така ја поддржува идејата сè додека служи за решавање на загриженоста на Турција за националната безбедност.
Претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање стави акцент на соработката со Турција за Сирија.
Тој истакна дека благодарение на соработката со Турција, во Сирија е направен значителен напредок, и додаде: „Сигурен сум дека заедно со Турција ќе му дадеме нов поттик на дијалогот меѓу страните во Сирија.“
Рускиот претседател, нагласувајќи дека продолжуваат работите за решавање на кризата во Сирија, истакна: „„Благодарение на активностите што ги спроведуваме заедно со Турција, постигнавме значителен напредок во Сирија. Целите во Сирија може да се постигнат со активна, сеопфатна работа и со консензус. Сигурен сум дека заедно со Турција, на трилатералниот Самит ќе дадеме нов поттик за дијалог меѓу страните во Сирија.“