Şerife Çetin
14 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, изјави дека постојат прашања за кои не споделуваат исто мислење со Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини даде изјави за медиумите во штабот на НАТО во кој дојде за да присуствува на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата.
Високата претставничка најави состанок со министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска, и потсети дека Европската Унија (ЕУ) уште од почетокот силно го поддржувала решението за спорот за името со Грција.
Могерини на состанокот на министрите за одбрана на НАТО и европските партнери ќе зборува за чекорите кои Европа ги презеде на полето за безбедност.
„Посилна ЕУ на полето на одбрана ќе го зајакне НАТО и ќе овозможи безбедност на континентот“, изјави Могерини.
На прашањето зошто не присуствува на конференцијата за Блискиот Исток во Полска, Могерини изјави дека е важна соработката ЕУ-НАТО и дека затоа присуствува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО.
Високата претставничка потсети дека американскиот државен секретар Мајк Помпео утре ќе го посети Брисел.
„Како што постојат прашања околу кои имаме заеднички ставови со САД, така постојат и прашања околу кои не се согласуваме. Имаме различни ставови за Договорот за нуклеарното вооружување со Иран“, потсети Могерини.