Sarp Özer
14 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
СОЧИ (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, пред трилатералниот Самит во Сочи за Сирија, одделно се состана со министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу и со началникот на Генералштабот на Иран, Мухамед Багери, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар, по средбите во Брисел пристигна во Сочи, каде што претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Иран, Хасан Рохани, ќе учествуваат на 4. трилатерален Самит.
Пред 4. трилатерален Самит на тема Сирија, Акар се состана со министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу и со началникот на Генералштабот на Иран, Мухамед Багери.
На одделните средби уште еднаш е разгледана ситуацијата во Сирија и биле извршени последните подготовки пред состанокот на тројцата лидери на Самитот.