Ekipa
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во воздушните напади на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад извршени во Источна Гута, предградие во сирискиот главен град Дамаск, загинаа 51 цивил, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на АА од Источна Гута соопштија дека режимот од утринските часови врши интензивни воздушни напади во ова подрачје.
Според информациите до кои дојде АА од извори на Цивилната одбрана, во бомбардирањата извршени во цивилните населени места во Источна Гута загинале 51 цивил, од кои 9 во Арбин, 7 во Кефер Батна, еден цивил во Хареста, 11 во Дума, 5 во Мисраба, 4 во Земелка, 4 Хамурије, 3 во Сакба, 2 во Медјере, 3 во Хиза и 2 цивили загинаа во Џобар.

Тимовите на Цивилната одбрана велат дека воздушните напади сè уште траат, и дека можно е да се зголеми бројот на жртвите.
Инаку, во интензивните воздушни напади на Асадовиот режим во Источна Гута, вчера, загинаа 30 цивили.
Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили од кои половина се деца.
Источна Гута на преговорите во Астана беше прогласена за зона без судири. Но, Асадовиот режим, чија земја-гарант е Русија, од април минатата година ја интензивираше блокадата во подрачјето, додека во последните месеци ги интензивираше и нападите.
Илјадници болни лица чекаат да бидат евакуирани од регионот, од кои стотици имаат потреба од итна евакуација. Повеќето од болните се деца или заболени од канцер. Голем број деца и бебиња во Источна Гута починаа од глад и недостаток на лекови.