Nazlı Yüzbaşıoğlu
05 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
ХАНГЏОУ (АА) – Претседателот на САД, Барак Обама, и претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија и начините за прекин на огнот во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама и Путин остварија средба во рамките на Самитот на лидерите на Г-20, кој се одржува во градот Хангџоу, во Кина.
По претседавањето меѓу делегациите, двајцата лидери остварија билатерална средба, на која ги ставија на маса прашањата за ситуацијата во Сирија и во Украина. Оваа средба траеше час и половина.
Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, изјави дека средбата меѓу Обама и Путин траела подолго и поминала подобро од очекуваното. Тој исто така додаде дека двете страни ќе продолжат со работата.
Неименуван претставник, пак, на Белата куќа изјави дека на средбата се разговарало за намалување на насилството во Сирија и за обезбедување хуманитарна помош во регионот, како и дека се направени процени за да се дојде до договор во однос на борбата против Ал Каеда, Ал Нусра и ДАЕШ.
„Утрово во разговорите во кои беа вклучени и министрите за надворешни работи на двете држави, Кери и Лавров, беше забележан напредок“, рече тој.
Тој исто така истакна дека на средбата, двајцата лидери разјаснувајќи како да се дојде до имплементација на прекин на огнот, проценката за тоа како да се обезбеди договор ја оставиле на министрите Кери и Лавров.
Нагласувајќи дека во однос на договорот постојат само „технички“ прашања, изворот изјави: „Иако на последните преговори во Женева имаше чекор-два назад, денес барем се вративме онаму од каде што тргнавме, на првобитната позиција, односно работата се врати во вистинскиот колосек“.
Претставникот на Белата куќа исто така кажа дека на средбата било разговарано и за политичките чекори кои би биле преземени во однос на Сирија, а Обама нагласил дека еден ваков договор меѓу САД и Русија ќе придонесе за забрзување на политичкиот процес во Сирија.
Потенцирајќи дека САД се насочени кон испраќање на хуманитарна помош во Сирија којашто ќе отвори пат кон обезбедување прекин на огнот, тој истакна: „Министрите за надворешни работи Кери и Лавров планираат да се сретнат неделава. Ако дојде до постигнување на договор, од хуманитарен аспект, би сакале тој да се спроведе колку што е можно поскоро. Меѓутоа, треба да бидеме сигурни дека овој договор навистина ќе биде од корист. Токму поради ова продолжуваме со средбите“.
Пред оваа средба, се состанаа министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери и неговиот руски колега, Сергеј Лавров, кои престојуваа во Кина до пред неколку часа. Се дознава дека двајцата дипломати се обиделе да бидат посредници за испраќање на хуманитарна помош за милионите цивили кои се наоѓаат помеѓу огнот на Асад и опозициските сили во Сирија, како знак за обезбедување на договор за прекин на огнот, не успеаја да ги надминат разликите на двете држави во однос на ова прашање.