Ali Cura
02 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со својот српски колега Александар Вучиќ, а во изјавата пред состанокот во Кремљската палата, истакна дека со Вучиќ ќе разговараат за ситуацијата на Балканот, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин нагласи дека инвестициите и обемот на трговска размена помеѓу двете земји се зголемени.
„Треба да разговараме и за ситуацијата во регионот“, рече Путин.
Од друга страна, Вучиќ изјави дека односите помеѓу Србија и Русија се конструктивни и отворени, а односите помеѓу двете земји се добри и на меѓународно ниво.
Вучиќ му се заблагодари на Путин поради позицијата што ја има за заштита на меѓународното право и за националните и државните интереси на Србија, кои се од големо значење.
„Ситуацијата на Западен Балкан е многу проблематична. И покрај тоа што го поддржуваме мирот и стабилноста и желбата да се постигне консензус. Србија како држава секој ден се соочува со голем број провокации“, рече Вучиќ.