Fatma Bülbül
28 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Поранешниот израелски претседател, Шимон Перес, почина во 93-та година по мозочен удар кој го претрпе на 13 септември оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денес, со длабока болка бараме прошка од нашиот сакан татко, деветтиот претседател на Израел”, изјави неговиот син Chemi.
Перес беше претседател на Израел од 2007 до 2014 година, а функцијата премиер на земјата ја извршувал два пати. Доби нобелова награда за мир во 1994 година со Јицак Рабин и Јасер Арафат поради мировните преговори кои ги водел како министер за надворешни работи.
Во одвоени изјави, американската претседателска кандидатка, Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг Бил, поранешниот американски претседател, изразија сочуство до семејството Перес истакнувајќи дека загубиле „вистински и вреден пријател”.
По повод смртта на поранешниот претседател на Израел се огласи и Белата куќа.
„Како Американци, ние сме негов долг бидејќи тој соработуваше со секој американски претседател, уште од Џон Ф. Кенеди. Никој не работеше толку напорно како Шимон Перес за да ги подобри односите на нашите две земји, нераскинливиот сојуз кој денес е посилен како никогаш досега”, наведено е во соопштението на Белата куќа.