Emel Öz Gözellik
10 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
ХИРОШИМА (АА) - Во западниот и централиот дел на Јапонија интензивните врнежи од дожд предизвикаа поплави и свлечишта во кои досега животот го загубија 134 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на јапонската влада, Јошихиде Суга, организираше прес-конференција на која информираше дека поплавите и свлечиштата во Јапонија досега одзеле 134 животи, а најмалку 50 лица се водат како исчезнати.
Суга соопшти дека бројот на членови на цивилната заштита, крајбрежната стража, полицијата и противпожарните екипи кои работат во спасувањето на настраданите е зголемен на 75.000 и додаде дека во операциите се вклучени и 80 хеликоптери.
На прес-конференцијата беше соопштено дека за борбата со поплавите е задолжен специјален комитет и е обезбеден буџет од 18 милиони долари.
Издадена е наредба за евакуација на 5,9 милиони лица во 19 подрачја во земјата.
Поплавите и свлечиштата се причина за човечки жртви во подрачјата на Хирошима, Ехиме, Окајама, Кјото, Гифу, Шига, Хјого, Кочи и Фукуока.
Премиерот Шинзо Абе ги откажа своите посети на Европа и Средниот Исток поради природните катастрофи што ја зафатија Јапонија.