Abdullah Aşıran
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
ХАГ (АА) - Официјално е формирана Владата на Холандија, 225 дена по одржувањето на предвремените општи избори на 15 март оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Коалициската влада составена од четири партии, Народната партија за слобода и демократија (ВВД), Унијата на демократски христијани (ЦДА), Демократи 66 (Д66) и Партијата за христијанско единство (ЦУ), започна со работа.
Членовите на новиот кабинет формиран од страна на лидерот на Народната партија за слобода и демократија, Марк Руте, положија заклетва по средбата со кралот Александер во палатата Нурдејнде во Хаг. Церемонијата на заклетвата, која за првпат во историјата на парламентот се одржа со кралот, беше емитувана во живо на телевизиските канали.
По колективната фотографија на членовите од Советот на министри, со кралот, направена во дворот на палатата, во министерствата ќе се одржуваат церемонии на примопредавање на функцијата.
Во новата влада, каде што функцијата премиер ќе ја извршува Руте, а вицепремиери ќе бидат три имиња од трите коалициски партии, имаа вкупно 15 министри и осум секретари.
Според договорот постигнат претходно меѓу четирите партии, Народната партија за слобода и демократија ќе земе 5 министерства и 3 секретаријати, Унијата на демократски христијани 4 министерства и 2 секретаријата, Демократи 66 - 3 министерства и 2 секретаријата, а Партијата за христијанско единство 2 министерства и еден секретаријат.
Според ова, имињата од новиот кабинет се следните: од Народната партија за слобода и демократија Халбе Зилстра (министер за надворешни работи), Санер Декер (министер за заштита на законите), Кора ван Ниувенхузен (министерка за инфраструктура и водостопанство), Ерик Вајбс (министер за економија и клима), Бруно Бруинс (министер за медицинска нега); од Унијата на демократски христијани Фердинанд Грапрхаус (министер за правда и безбедност), Вопке Хоекстра (министер за финансии), Хуго де Јонг (министер за здравство и спорт), Анк Бијлевелд (министерка за одбрана); од Демократи 66 Сигрид Кааг (министерка за надворешна трговија и развојна соработка), Кајса Олонгрен (министерка за внатрешни работи), Ингрид ван Енгелсховен (министерка за образование, култура и наука), Вутер Кулмис (министер за социјална работа и труд); од Партијата за христијанско единство Ари Слоб (министер за основно образовние и медиуми), како и Карола Шутен (министерка за земјоделство, природа и храна).
Од периодот на Втората светска војна досега, земјата имаше најдолг период без влада.