Yusuf Özcan
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) - Државниот секретар во француското Министерство за јавни сметки, Оливие Дусопт, изјави дека мерките кои претседателот на оваа земја, Емануел Макрон, ги најави синоќа, ќе чинат од 8 до 10 милијарди евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дусопт за француската телевизија BFMTV изјави дека Владата на Франција во наредниот период ќе ја разгледа можноста и ќе се обиде да обезбеди средства за мерките кои Макрон ги вети за време на синоќешното обраќање на нацијата.
Францускиот претседател Макрон денес и утре ќе има низа состаноци со челниците на банките и на големите компании во земјата.
Тој синоќа се обрати на нацијата по повод повеќенеделните протести кои низ Франција ги организира групата на т.н. „Жолти елеци“.
Макрон вети зголемување на минималната плата за 100 евра од наредната година, а до претстојната Нова година и 100 евра бонус на платите на сите вработени. На пензионерите кои примаат пензии помали од 2.000 евра месечно, им вети дека нема да има намалување.