Fatma Esma Arslan
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Кампањата на клеветење на операцијата „Маслинова гранка“ продолжува преку објавување на сомнителни фотографии на социјалните мрежи преземени од интернет кои немаат никаква врска со операцијата на Турските вооружени сили (ТСК) во Африн, северозападна Сирија, со што кампањата на клеветење влегоа во ќорсокак, јавува Anadolu Agency (AA)
Објавени се три нови фотографии за кои се тврди дека се снимени од операцијата „Маслинова гранка“ кои ја спроведуваат турските вооружени сили против терористите на ЈПГ-ПЈД/КЏК/ПКК, што е далеку од вистината. Утврдено е дека една од тие слики е земена од рекламната страница на комерцијална компанија.
Фотографијата објавена на Твитер, со опис „Турските вооружени сили (TSK) напаѓаат деца“, е снимена во време на руски воздушен напад во Сирија на 1 јануари 2017 година.

Фотографијата, пак, на која е прикажана повредена мајка со две деца, кои наводно биле „гаѓани во операцијата 'Маслинова гранка'“, е снимена при бомбардирањата на режимот на Асад во Алепо на 16 декември 2013 година.

На социјалните мрежи е споделена и фотографија на камион со опис дека ЈПГ убиле голем број турски војници и дека ќе биде потребен камион за транспорт на телата. Сепак е утврдено дека фотографијата е земена од веб-страницата на турска компанија за камиони.

Така, докажано е дека бројните фотографии споделени на социјалните мрежи од страна на терористичката организација и во претходните неколку дена, со цел да се осквернави операцијата „Маслинова гранка“, немаат никаква врска со операцијата.