İlkay Guder
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
АНКАРА (АА) – Портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин, даде изјава во врска со активностите во Швајцарија организирани од страна на сепаратистичката терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Претседателството на Турција Калин, најостро ја осуди поддршката што швајцарската влада им ја дава на симпатизерите на терористичката организација ПКК овозможувајќи им да организираат митинзи на кои се дава поддршка на тероризмот.
„Неприфатливо е да се затвораат очите пред симпатизерите на терористичката организација ПКК кои носат свои симболи и извикуваат слогани, користејќи ја секоја можност на секој чекор да зборуваат против Турција и турскиот народ кој живее во Европа“.
Портпаролот Калин го истакна следното:
„Ја повикуваме швајцарската влада да престане да ги поддржува терористичките организации под изговор дека тоа се мировни протести, кога на тие исти протести се алудира на загрозување на животот на нашиот претседател. Не постои објаснување под кое терористите би се третирале како легитимни актери. Овој акт е отворено давање поддршка на тероризмот. Ја повикуваме швајцарската влада да побара објаснение од одговорните за овие настани и да ги преземе потребните мерки за во иднина да не се случуваат слични настани“.