Emre Aytekin
08 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/ АНКАРА (AA) - Бројот на загинатите цивили во копнените и воздушните напади кои во среда ги изведоа режимските сили во Источна Гута, зголемен е на 33, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите на режимските сили траеја од раните утрински часови, а од Цивилната заштита потврдија дека меѓу смртно страданите се наоѓаат и деца.
Екипите на теренот работат на извлекување на цивилите под урнатините и постои опасност дека бројот на мртвите не е конечен.
Во воздушните напади кои во вторник ги изведоа силите на Асад загинаа 74 цивили.
Во текот на последните два дена на тоа подрачје загинаа 107 цивили.
Во Источна Гута живеат околу 400.000 цивили, а речиси половина од нив се деца. На состанокот во Астана, одржан минатата година е договорено Источна Гута да биде прогласена за деескалациска зона.