Zehra Ulucak
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Лингвистите откриле дека на Малајскиот Полуостров се зборува јазик кој претходно не е дефиниран, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Science Daily“, лингвистите од Универзитетот „Лунд“ во Шведска откриле нов јазик на Малајскиот Полуостров во Југоисточна Азија, наречен „једек“.
Истражувачите велат дека новооткриениот јазик што припаѓа на австроазиското јазично семејство наречено аслиско го зборуваат 280 луѓе во западна Малезија, кои се занимаваат со лов и собирање плодови од земјоделството.
Како дел од проектот за јазична документација на јазикот семанг, истражувачите го откриле јазикот једек за време на посетата на неколку села, која била со цел собирање податоци од различни групи коишто зборуваат аслиски јазици.
Јазикот једек е откриен за време на истражувањето на јазикот јахаи, што се зборува во истиот регион.
„Забележавме дека голем дел од селото зборуваше на друг јазик, користејќи зборови, фонеми и граматички структури кои не беа користени во јазикот јахаи. Овие зборови ме потсетија на аслиските јазици што се зборуваат во другите подрачја на Малајскиот Полуостров“, истакна докторантот од Универзитетот „Лунд“, Џоана Јагер.
Јагер посочи дека во заeдницата во којашто зборувале на јазикот једек постои поголема родова еднаквост во споредба со западните општества и нема насилство меѓу луѓето, како што нема и закони и судови, а децата се едуцирани за да не се натпреваруваат.
„Једек е јазик што се зборува во едно село каде што претходно е направено истражување од антрополозите. Како лингвисти, ние откривме нешто што антрополозите не го забележаа“, наведе лингвистот Никлас Баренхалт.
Во светот се говорат околу 6 илјади јазици. Околу 80 проценти од светското население зборува еден од најчестите јазици во светот, а 20 проценти зборуваат на останатите 3.600 јазици.
Истражувачите веруваат дека речиси половина од светските јазици ќе бидат исчезнати во рок од 100 години.