Haydar Hadi
20 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
БАГДАД (АА) - Федералниот суд на Ирак за нелегитимен го прогласи референдумот за независност на Регионалната курдска управа во северен Ирак одржан во септември и ги суспендира резултатите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Судот за неуставен го прогласи референдумот кој беше одржан на 25 септември во Регионалната курдска управа и во другите региони на Ирак“, соопшти портпаролот на судот Ијас ес-Самук.
Ес Самук исто така потврди дека највисокиот ирачки суд ги суспендира и резултатите од неуставниот референдум.