Can Erözden
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Извозот од Турција се зголеми на 161,1 милијарда долари во изминатите 12 месеци со раст од 10,7 отсто, се вели денес од Собранието на извозници на Турција (ТИМ), јавува Anadolu Agency (AA).
Собранието ги објави податоците за извозот од Турција за април, откривајќи дека извозот од земјата се зголемил за 15 отсто и достигнал 13,54 милијарди долари.
Се додава дека извозот од земјата во првите четири месеци од оваа година се зголемил за 10,4 отсто и достигнал до 54,7 милијарди долари.