Ekipa
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На истанбулскиот плоштад „Таксим“ од утринава се преземени зајакнати безбедносни мерки по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. На овој плоштад денес не се дозволени протестни прошетки ниту собири по повод 1 Мај, јавува Anadolu Agency (AA).
Зајакнатите безбедносни мерки се преземени и на другите фреквентни точки ширум Истанбул, а на одредени места се поставени и метални бариери.
Влезот на плоштадот е дозволен само на одредени делови, и тоа по минување низ полициска контрола, а слична ситуација е и со улицата Истиклал каде што се поставени метални бариери.
Паралелно со тоа, утринава се приведени група членови на Партијата на народен спас (HKP) кои сакале да дојдат на „Таксим“. Групата се собрала на плоштадот „Бешикташ“ и го извикувала слоганот: „На Таксим не може да биде спречен 1 Мај“.
Припадниците на специјалните полициски сили предупредија дека протестите не се дозволени и повикаа групата да се растури. Потоа, приведени се одредени демонстранти кои не ги послушале наредбите на полицијата.