Merve Topuz
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
СИВАС (АА) - На претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој престојува во посета на турскиот град Сивас, денес му е доделена титулата „doctor honoris causa“ од страна на Унвиерзитетот „Џумхуријет“ (Република), јавува Anadolu Agency (AA).
По овој повод се одржа пригодна церемонија во Културниот центар на универзитетот, која започна со интонирање на химните на Македонија и Турција.

Гувернерот на Сивас, Давут Ѓул, во своето обраќање пред присутните истакна дека оваа церемонија ќе биде причина за зајакнување на добрите односи меѓу двете земји, и ќе даде придонес во областа на образованието, но и на други полиња.
Ректорот на Универзитетот „Џумхуријет“, проф. д-р Алим Јилдиз, презентираше информации околу универзитетот и нагласи дека Македонија е пријателска земја која со Турција дели заедничко минато, и со која се обединуваат од географски, историски и културен аспект.
Јилдиз нагласи дека науката е заедничкиот имот на човештвото, и дека соработката со македонските универзитети ќе придонесе кон иднината на двете земји.

Ректорот Јилдиз му ја врачи почесната титула „doctor honoris causa“ на претседателот Иванов, по што тој одржа предавање на тема „Ататурк и Македонија“.
Иванов во својот говор потсети дека од основањето на Турското големо народно собрание (ТБММ) поминале 98 години, се осврна и на фазите на формирање на Република Турција и на карактеристиките на Ататурк.
„Мустафа Кемал беше војник од аспект на неговите способности, наставник од аспект на интуиција и политичар од аспект на неговите чувства. Врската меѓу Мустафа Кемал и Македонија не е само една врска од географски аспект“, истакна претседателот Иванов и додаде дека Македонија не е само родното место на Ататурк, туку и средина каде што се обликувале и неговите разбирања, мислења и карактер.

Иванов говореше и за поврзаноста на Мустафа Кемал Ататурк со Македонија, и додаде дека Македонија е родно место на повеќе истакнати личности, меѓу кои и Ататурк.
Претседателот Иванов потоа оствари средба со ректорот на Унверзитетот „Џумхуријет“, проф. д-р Алим Јилдиз.
Во придружба на гувернерот на Сивас, Давут Ѓул, Иванов ја посети и познатата бања во Кангал, Сивас, каде што се нуди терапија со рибата „гара руфа” или позната како „риба-доктор“.
Во бањата „Баликли“, сопственикот Фуат Унсал говореше за лековитите својства на „рибите-доктори“, кои се сметаат за добар третман против псоријазата и кожните болести.
Македонскиот претседател истакна дека гувернерот Давут Ѓул и претседателот на општината Сами Ајдин го информирале дека Сивас е познато подрачје по уникатната бањата, која е во функција на лечење на луѓето што имаат проблеми со кожните заболувања.
„Тргнувајќи од фактот дека и во Македонија има луѓе кои боледуваат од овие болести (псоријаза и кожни болести), ова беше извонредна можност да ја посетиме бањата и да ја промовираме во Македонија, за да им помогне на оние луѓе кои имаат потреба од ваков вид на лечење. Се надевам дека по мојата изјава и по она што медиумите ќе го пренесат во Македонија, може да се случи да имате и повеќе гости од Македонија“, истакна Иванов.