Barış Gündoğan
05 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
МАНИСА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот град Маниса порача дека неговата земја била и продолжува да биде сигурно пристаниште за меѓународните инвеститори, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се осврна на состојбата во турската економија во текот на обраќањето на церемонијата на отворањето на фабриката „Pepsico".
„Оние кои имаат доверба и вложуваат во нашата земја, не се покаеле и нема да се покајат. Турската економија и покрај сите нестабилности во нејзината околина продолжува да биде сигурно пристаниште за меѓународните инвеститори", и додаде:
„Онака како што се однесуваме кон нашите компании, на ист начин се однесуваме и ќе се однесуваме и кон меѓународните компании кои веруваат во потенцијалот на нашата земја".
Ердоган додаде дека Турција, во смисла на инвестициската клима, се уште е една од најлибералните и најсигурните земји во светот.
Потсети дека Турција во 2018 година остварила годишен извоз во вредност од 168,1 милијарди долари, што е најголем годишен извоз во историјата на Турција. Како што рече, Турција наредната година ќе ја надмине цифрата од 200 милијарди долари извоз.