Mehmet Tosun
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган има[e свое обраќање пред членовите на Кралскиот институт за меѓународни односи,познат и под името „Chatham House“, јавува Anadolu Agency (AA).
За префрлувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим, турскиот претседател изјави: „Не можеме да се ослободиме од чувството на мрачните денови пред Втората светска војна“.
Околу одлуката на администрацијата на Трамп за преземање таков чекор, Ердоган рече: „САД со последните чекори одбра да биде дел од проблемот, а не од решението, губејќи ја улогата на посредник во Блискоисточен мировен процес“.
Ердоган во своето обраќање уште еднаш повтори дека е неприфатлива одлуката за префрлање на американската амбасада во Ерусалим, бидејќи истата е во спротивност со одлуката на ОН и го прекршува меѓународното право.
Турскиот претседател рече дека е потребно меѓународната заедница што поскоро да го стори тоа што е во нејзина надлежност, за да се стави крај на зголемената израелска агресија.