Hüseyin Bağış
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ запленија девет килограми и 709 грама кокаин и уапсија едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите за борба против трговија со наркотици при истанбулската полиција ја пребараа торбата на Н.К. (48), со потекло од Албанија, кој на 2 мај од Сао Паоло, Бразил, допатува во Истанбул.
Кокаинот беше сокриен во долниот дел на куферот, а осомниченото лице е приведено.