Турција

Ердоган го посети местото на несреќата во Истанбул: „Многу лекции треба да извлечеме од ова“

Ердоган го посети местото на несреќата, a за деталите на активностите на терен кои ги водат бројните тимови беше информиран од страна на надлежните министери

Ekipa  | 09.02.2019 - Обновена : 09.02.2019
Ердоган го посети местото на несреќата во Истанбул: „Многу лекции треба да извлечеме од ова“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја посети истанбулската населба Картал, односно, местото каде што пред три дена дојде до уривање на зграда во која, според последните податоци, животот го изгубија 17 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган го посети местото на несреќата, a за деталите на активностите на терен кои ги водат бројните тимови беше информиран од страна на министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за животна средина и просторно планирање, Мурат Курум, министерот за здравство, Фахретин Коџа и гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја. Во придружба на Ердоган беше и турскиот министер Хулуси Акар.

Одговарајќи на прашањата на новинарите за време на посетата, Ердоган рече: „Има многу лекции кои треба да ги научиме од ова. Во врска со тоа, нашиот главен обвинител, обвинителите, сите министри, АФАД, продолжуваат со работа. По сите овие активности ќе се направат сите неопходни чекори“, порача Ердоган.

По посетата на местото на уривањето на зградата, Ердоган се упати во болницата „Д-р Лутфи Кирдар“ во истанбулската населба Картал, во која се хоспитализирани повредените во несреќата.

Во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул, во средата попладне се урна седумкатница, во која во моментот имаше 30 станари. Од безбедносни причини, евакуирани се и зградите во околината, а пребарувањето на урнатините продолжува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.