ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул истакна дека во рацете на сите терористички организации кои ја пролеваат крвта на муслиманите, почнувајќи од ДЕАШ до ПКК, од Ал Каеда до Ал Шабаб, се наоѓа оружје со потекло од западните земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го посети турското бродоградилиште во истанбулската населба Тузла, каде што се одржа церемонија по повод пуштањето во употреба на турскиот брод за тестирање и обука Ufuk A-591. Ердоган во оваа пригода истакна дека Турција во последните 16 години доживеа процвет во бродоградбената индустрија.
Говорејќи за борбата против тероризмот, Ердоган истакна дека Турција на тој план во последните три години има постигнато голем успех.
„Во последните 3 години остваривме многу голем успех во борбата против терористичките организации, првенствено против ДЕАШ и ПКК, кои за цел ги имаат нашите граѓани и настојуваат да ја поделат и да ја распарчат нашата земја“, рече турскиот претседател Ердоган.
Тој истакна дека во рацете на сите терористички организации кои ја пролеваат крвта на муслиманите, почнувајќи од ДЕАШ до ПКК, од Ал Каеда до Ал Шабаб, се наоѓа оружје со потекло од западните земји.
„Оние кои со оружје ги поддржуваат најкрвавите терористи во светот, кога станува збор за Турција, пред неа поставуваат пречки кои не можете ниту да ги замислите. Во рацете на сите терористички организации кои ја пролеваат крвта на муслиманите, почнувајќи од ДЕАШ до ПКК, од Ал Каеда до Ал Шабаб, се наоѓа оружје со потекло од западните земји“, нагласи Ердоган.
Тој рече дека е невозможно Турција да седи со врзани раце кога терористичките организации како ПЈД и ЈПГ спроведуваат етничко чистење во Северна Сирија.
„ПЈД, ЈПГ, кои во северниот дел на Сирија спроведуваат активности на етничко чистење, ги поседуваат ракетите, бомбите и муницијата на нашите сојузници. Невозможно е да се очекува наспроти еден ваков кадар, Турција да седи со врзани раце и националната безбедност да им ја предаде на други земји“, нагласи турскиот претседател.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои многу жени и деца.