Турција

Во уривањето на зградата во Истанбул загинаа 9 члена од едно семејство

Во Истанбул денеска беше организирано испраќање на жртвите од несреќата во Истанбул. На погребната молитва присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ekipa  | 09.02.2019 - Обновена : 10.02.2019
Во уривањето на зградата во Истанбул загинаа 9 члена од едно семејство

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Во уривањето на зградата во истанбулската населба Картал загинаа најмалку 17 лица, а според информациите до кои дојде новинарот на АА, во несреќата животот го изгубија 9 члена од едно семејство, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган го посети местото на несреќата во Истанбул: „Многу лекции треба да извлечеме од ова“

Во Истанбул денеска беше организирано испраќање на жртвите од несреќата во Истанбул, односно од уривањето на зградата во населбата Картал кое се случи во средата. На погребната молитва присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Најмалиот член од семејството Алемдар, од кое животот го загубија 9 лица, имал само 11 години, а најстариот член, 89 години.

Погребната молитва во Истанбул ја предводеше претседатлот на Управата за верски работи на Република Туеција, Али Ербаш, а присуствуваше и еден член од семејството Алемдар кој го преживеа уривањето на зградата.

Покрај турскиот претседател Ердоган, присуствуваа и министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерот за финансии, Берат Албајрак, министерот за животна средина и просторно планирање, Мурат Курум, министерот за здравство, Фахретин Коча, гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал и голем број граѓани на Истанбул.

Во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул, во средата попладне се сруши седумкатница, додека во неа имало 30 станари. На местото на настанот пристигнаа голем број полициски, амбулантни и противпожарни тимови. Од безбедносни причини евакуирани се и зградите во околината, а пребарувањето на урнатините продолжува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.