Melike Kınacı
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја посети денес зградата на Генералштабот на Вооружените сили на Турција во Анкара, која беше една од метите за време на обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова воедно е и прва посета на претседателот Ердоган во седиштето на турскиот Генералштаб, по обидот за пуч на 15 јули. Ердоган во Генералштабот беше пречекан со сите почести.
Инаку, оваа зграда е местото каде во ноќта на 15 јули беше заробен началникот на турскиот Генералштаб, армискиот генерал Хулуси Акар и други генерали. Пучистите таа ноќ со хеликоптери ја бомбардираа зградата на Генералштабот.
Војниците пучисти лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обидоа да извршат државен удар во Турција, на 15 јули при што загинаа речиси 250 лица, а ранети се преку 2.000.
Обидот за државен удар е спречен откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и другите делови од земјата и храбро, невооружени, застанаа пред тенковите и оклопните возила со кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во таа земја.