Orhan Onur Gemici
26 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
АНКАРА (АА) - Во рамките на големата полициска акција во Турција утринава од слобода се лишени 22 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на Одделот за борба против тероризмот при полициската управа во Анкара извршија претреси на повеќе локации и по налог на Обвинителството кое води истрага за лицата поврзани со терористичките заминувања на боишта.
Досега од слобода се лишени 22 осомничени лица, а станува збор за државјани на Ирак.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.
Оттогаш во земјата беа извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади, во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.