Havva Kara Aydın
26 Март 2021•Ажурирај: 27 Март 2021
БИТЛИС (АА) - Најмалку 29 нерегуларни мигранти се фатени во турската источна област Битлис, соопштија денес локалните власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението издадено од канцеларијата на гувернерот на Битлис се вели дека полицијата запрела сомнителен минибус во подрачјето на градот Татван и ги фатила мигрантите кои влегле во Турција нелегално.
Приведен е уште еден криумчар на луѓе.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено за оние што бегаат од војна и прогон.
Таа згрижи речиси 4 милиони бегалци, од кои 3,6 милиони Сиријци, повеќе од која било друга земја во светот.