АНКАРА (АА) - Турција има голем потенцијал да го забрза мировниот процес во Авганистан, а претстојните мировни преговори во Истанбул закажани за април, надежно прво ќе го трасираат патот за прекин на огнот, а потоа за постигнување договор за фер и одржлив развој, изјави Амир Мохамад Рамин, авганистанскиот амбасадор во Турција.
Во интервју за Агенција Анадолија (АА), амбасадорот Рамин ја коментира 100-годишнината од дипломатските односи меѓу Турција и Авганистан и мировниот процес во Авганистан.
Тој изјави дека неговото назначување за амбасадар во Турција било свесно донесена одлука и дека бил возбуден што ѝ служи на неговата земја во турскиот главен Анкара бидејќи верува дека постои голем потенцијал за да ја прошири соработката меѓу двете земји кои негуваат братски односи.
„Секој Авганистанец во Авганистан се смета себеси за Турчин во своето срце“, изјави тој, додавајќи дека и турските граѓани и официјални претставници имаат многу силна емоција и сочувство кон Авганистан.
„Се сметам благословен што сум во Турција“, додаде.
„Историјата на Авганистан и Турција датира од пред стотици, дури и илјадници години, но дипломатските односи ги негуваме само 100 години. Ова се, всушност, најстарите дипломатски односи во светот, бидејќи основањето на Обединетите нации е многу подоцна. Значи, нашите односи всушност претходат на основањето на ОН и ние сме многу горди на тоа“, рече тој.
Тој изјави дека и основачот на Турција, Мустафа Кемал Ататурк, и поранешниот авганистански крал Аманулах Кан, значително придонеле во развојот на солидните и позитивни билатерални односи.
- Авганистанскиот мировен процес и улогата на Турција -
Коментирајќи го мировниот процес во Авганистан, амбасадорот изјави: „Владата на Исламската Република Авганистан е силно посветена на мировниот процес кој води кон праведен и одржлив мир во Авганистан. Ја поздравуваме секоја иницијатива во поддршката на мировниот процес.“
Рамин нагласи дека првата од овие иницијативи се појавила во февруари 2018 година кога претседателот Ашраф Гани преку конференција понудил безусловни мировни разговори со Талибанците и додаде: „Оттогаш, постојано повикувавме на дијалог како најдобар начин да се стави крај на насилството што се одвива во Авганистан.“
Една од мировните иницијативи беа разговорите во Доха, Катар и авганистанската Влада целосно го поддржа мировниот процес и во него активно учествуваше. Сепак, според авганистанскиот дипломат, иницијативата подоцна се претворила во ситуација без излез и не бил постигнат напредок.
Благодарение на силните историски и културни врски на Турција и заемната доверба со неговата земја, авганистанскиот амбасадор смета дека Владата на Анкара има голем потенцијал да помогне во напредокот на мировниот процес.
„Ја сметаме Турција за најрелевантен и нов актер, во однос на зaемната доверба за да биде домаќин на овој важен настан за кој сите се надеваме дека ќе води кон прекин на насилствата и на крајот кон одржлив и праведен мир во Авганистан“, изјави тој.
„Немавме напредок во Доха. И мислам дека состанокот во Истанбул, кој го очекуваме, ќе помогне да ја надминеме и да ја решиме оваа безизлезна ситуација. Верувам дека Турција ќе ги олесни околностите со цел да продолжат авганистанските разговори“, додаде тој.
Нагласувајќи дека Турција имала конструктивни и силни врски не само со Авганистан, туку и со регионалните земји, како и со земјите членки на Советот за безбедност на ОН, тој понатаму нагласи дека таквите односи ќе помогнат за мировниот процес да успее. „Клучното очекување е тоа дека претстојните мировни преговори во Истанбул ќе доведат до одржлив и праведен мир“, изјави тој.
„Но ние очигледно сме реалисти. Знаеме дека постојат предизвици и потешкотии. Знаеме дека нашите пријатели во Турција ќе го направат најдоброто за да ги остварат очекувањата на авганистанскиот народ.“
Иако мировните иницијативи, вклучувајќи ги оние во Доха и Москва, не помогнаа целосно во елиминирањето на насилството во Авганистан, Талибанците ги немаа за цел странските сили во земјата како дел од договорот во САД, но сѐ уште продолжиле да ги убиваат авганистанските цивили.
„Значи, Договорот од Доха не го исполни клучното очекување на Авганистанците, прекинот на насилствата. Мислам дека првото и важно очекување е да се види прекин на насилството, да се стави крај на насилството во Авганистан. И второто важно очекување е дека ова ќе ги зачува придобивките што Авганистан ги постигна во изминатите 20 години. Ова се демократски придобивки. И јадрото на оваа демократска придобивка е волјата на народот“, изјави амбасадорот.
- Мировните преговори во Истанбул -
Запрашан во врска со мотивите на САД мировните преговори да се одржат во Истанбул и дали тоа ќе има корист во решавањето на конфликтот во Авганистан, амбасадорот изјави дека и авганистанскиот народ и Владата бараат мировни преговори во Турција и авганистанските официјални претставници побарале од турските колеги да играат поактивна улога во поддршка на мировниот процес во пресрет на дискусиите во Анкара.
„Заедно со барањето и очекувањата од меѓународната заедница, Турција исто така го остварува очекувањето на авганистанската Влада и народот на земјата. Тоа е многу позитивна улога и ние многу топло го поздравуваме ова“, рече тој.
Деталите во врска со мировните преговори во Истанбул допрва треба да бидат комплетирани, но авганистанскиот претседател јасно ја покажа неговата волја да учествува на состанокот во Истанбул, ако Талибанците учествуваат на состанокот на ниво на лидер, според претставникот, кој рече дека министрите за надворешни работи, како и високи претставници на ОН и ЕУ, исто така, ќе бидат присутни на состанокот.
Исто така, тој рече дека официјалниот датум сè уште не е утврден, но дека властите се поврзани и работат за да се осигурат дека собирот ќе се одржи некаде до средината на април.
- Турски потег за назначување специјален прeтставник за Авганистан -
„Авганистан ја поздрави одлуката на турската Влада да назначи специјален пратеник за Авганистан“, рече амбасадорот, додавајќи дека овој чин покажува дека Анкара има „силна посветеност не само на мировниот процес, мирот и стабилноста на Авганистан, туку и на регионалниот мир и стабилност“.
Нагласувајќи дека мирот во Авганистан значи стабилност во регионот што ќе биде од корист на сите, вклучително и на Турција, авганистанскиот претставник рече дека елиминацијата на насилството во земјата која е изморена од војна ќе ја запре нерегуларната миграција и ќе го отвори патот за економска соработка во регионот што се протега од Турција до Кавказ, Централна Азија и Пакистан.
Одговарајќи на прашањето за приоритетот на конфликтните страни во Авганистан, при што авганистанската Влада се фокусира на запирање на насилството, а Талибанците укажуваат на привремена Влада, Рамин рече:
„Значи, еден многу клучен принцип, не само во Владата, туку и луѓето во Авганистан сакаат да бидат зачувани и заштитени. Тоа е волјата на народот. И тоа најдобро се рефлектира преку изборен процес или преку избори. Значи, изборите се задолжителни."
„Сега, прво мора да имаме договор, а потоа да разговараме за деталите за тоа како може да се спроведе овој договор“, додаде тој.
news_share_descriptionsubscription_contact
