Hajer M'tırı
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
ПАРИЗ (AA) - Независниот централистички кандидат за претседател на Франција Емануел Макрон (39) оствари победа над својата противничка, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, покажуваат излезните анкети, јавува Anadolu Agency (AA).
Излезните анкети покажуваат дека Макрон, поранешниот мнистер за економија и поранешен банкар, кој се залага за Европската унија, освои 65,9 отсто гласови, а Ле Пен, 34,1 отсто во вториот круг од претседателските избори
Една од главните причини зошто гласачите гласаат за Макрон е спротиставување на радикалната десница. Многу невладини организации кои не сакаат на власт да дојде Марин Ле Пен, поранешната лидерка на Национален фронт, одредени верски организации, писатели и претставници на кинематографијата повикуваат на пружање на поддршка за Макрон.
Макрон, кој со движењето „Напред", за година дена во Франција привлече големо внимание, во првиот круг освои 24,01 отсто од гласовите.
Макрон 2012 година одлучи своите вештини на инвестиционен банкар да ги употреби во политичката арена и да стане советник на претседателот Франсоа Оланд, чија поддршка ја имаше на овие избори.
Избраниот кандидат до 14. мај ќе ја презеде должноста од претседателот Франсоа Оланд.
По претседателските избори, Франција кон средината на јуни ја очекуваат и парламентарните избори.