Besar Ademi
08 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Македонија, Агим Нухиу, на церемонијата за одбележување на Денот на македонската полиција – 8 Мај, истакна: „Длабоките реформи во полицијата ќе треба да продолжат за да има просперитет и прогрес, како и за да се култивираат вредностите и основните стандарди на една професионална, достоинствена и почитувана полиција“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Нухиу во своето обраќање пред претставниците на македонската полиција, како и пред гостите, нагласи дека државната полиција треба да создаде безбедна средина за сите граѓани. Тој додаде дека сите заедно колку што е можно поскоро треба да се ангажираат за сите полициски службеници да бидат во служба на државата и на општеството.
„Државната и јавната безбедност бара само и само професионализам. Сите заедно во ниту еден момент не треба да застанеме, треба да се ангажираме за да одиме понатаму. Сите заедно да се ангажираме за да поставиме еден темел, една транспарентност, кој за нас ќе биде продолжен чекор по чекор, во секој аспект на создавањето на односите меѓу државната полиција и граѓаните, со заедниците и со пошироката јавност“, рече Нухиу.
Тој кон крајот на својот говор истакна дека се поклонува пред симболот на оваа државна институција со длабоко убедување и посветеност за да донесе што поскоро нивно заедничко ангажирање со меѓународно прифатени параметри на активностите на полицијата во услови на едно демократско општество.
Во знак на почит кон припадниците на полицијата што го жртвуваа својот живот за заштита на државните и институционалните вредности, делегациите предводени од страна на министерот Нухиу положија цвеќе на споменикот што се наоѓа во дворот на Министерството за внатрешни работи.