Ekipa
03 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
БЕРЛИН (АА) - Германија денес ја слави 28. годишнина од обединувањето на Источна и Западна Германија (DDR и BD), а свеченоста се одржува во берлинската оперска куќа „Staatsoper“, јавува Anadolu Agency (AA).
Германија ја одбележува годишнината на процесот кој, според зборовите на германската канцеларка Ангела Меркел, сѐ уште не е завршен.
Меркел, која порасна во Источна Германија, изјави: „Дваесет и осум години подоцна знаеме дека она што го нарекуваме германско единство е процес, долг пат.“
Таа порача дека е важно Германците да се слушаат едни со други.
Германија беше поделена четири децении, а Берлин 28 години беше поделен со „Sидот на срамот“, како што уште се нарекуваше Берлинскиот ѕид. Неговото рушење на 9 ноември 1989 година претходеше на обединувањето на Германија, а претставува симбол и на завршувањето на Студената војна. Германија официјално е обединета на 3 октомври 1990 година.