Handan Kazancı
21 Октомври 2016•Ажурирај: 22 Октомври 2016
АНКАРА (АА) – Според денешното соопштение на војската, вчера турските воздушни сили неутрализирале 16 терористи на ПКК во руралниот дел Чукурџа, во турската југоисточна покраина Хакќари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во одвоен инцидент во планинската област Хисар, убиени се уште двајца терористи, се додава во соопштението од турската војска.
Се истакнува дека во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, во северна Сирија се погодени 40 цели на ДЕАШ и шест цели на ПКК/ПЈД.
ПКК и неговиот сириски огранок ПЈД во Турција се сметаат за терористички групи, иако САД и Европската Унија за терористичка организација ја сметаат само ПКК.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ е започната во август оваа година, на крајниот север од Сирија, со цел јакнење на безбедноста на турската граница, поддршка на коалициските сили и неутрализирање на терористичките закани.
ПКК во јули минатата година ја продолжи својата повеќедецениска кампања против турската држава. Оттогаш, убиени се повеќе од 700 припадници на безбедносните сили, а одземен е животот на многу цивили, меѓу кои жени и деца. Од друга страна, во турските воени операции убиени се речиси 8.000 терористи на ПКК.