Sinan Uslu
09 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
АНКАРА (AA) - Во операцијата „Маслинова гранка" во сирискиот регион Африн, кој Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ФСА) ја покренаа на 20 јануари, неутрализирани се вкупно 3.149 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на Турција е соопштено дека и денеска се продолжени акциите на копно и од воздух со цел неутрализација на терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Во соопштението се наведува дека Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија пристигнале до границите на градот Африн. Од терористите се ослободени селата Шаваригхат Ет Џавиз и Мелкије.
Репортерот на АА од терен јавува дека турската војска и силите на сириската опозиција во изминатите 24 часа од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободиле неколку села и продожиле да го стегнуваат обрачот околу центарот на Африн.
Северозападниот сириски регион Африн се граничи со турските области Хатај и Килис. Тој дел на границата во облик на полумесец од минатата седмица е во потполност под контрола на турските сили и Слободната војска на Сирија.
Заменик на премиерот и гласноговорник на турската влада Бекир Боздаг вчера изјави дека турските сили ослободиле речиси половина територија која е упориште на операцијата во Африн.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.