Ekipa
13 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј потврди дека ќе се повлече пред следните општи избори во земјата закажани за 2022 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пристигнувајќи на Самитот на ЕУ во Брисел, Меј денес изјави дека смета оти е правилно друг партиски лидер да ги предводи на следните општи избори.
Британската премиерка Тереза Меј го „преживеа“ гласањето за недоверба, предизвикано од незадоволството во партијата за начинот на кој таа ги води преговорите за Брегзит.
Од пратениците доби 200 гласа, а против беа 117, откако на приватен состанок им кажа дека ќе ја предаде моќта на друг лидер на конзервативците пред следните избори.
Меј не рече што ќе стори, доколку, како што многумина очекуваат, Велика Британија се соочи со предвремени избори предизвикани поради поделбите предизвикани од Брегзит.