свет

Британија користела деца како агенти во тајни операции

Оваа практика е откриена откако Министерството за внатрешни работи на В. Британија побара да се зголеми времетраењето на користење на децата помали од 16 години како агенти

Tayfun Salcı  | 20.07.2018 - Обновена : 20.07.2018
Британија користела деца како агенти во тајни операции

London

ЛОНДОН (АА) - Според Извештајот објавен од страна на Горниот дом на британскиот Парламент, британската полиција ги користела децата како агенти во тајните операции, извршени против банди и терористички организации, пренесува Anadolu Agency (AA).

Оваа практика е откриена откако Министерството за внатрешни работи на Велика Британија побара да се зголеми времетраењето на користење на децата помали од 16 години како агенти, наречени „Таен извор за хуманитарно разузнавање“ (CHIS), од еден на четири месеци.

Лорд Дејвид Трефгејм, претседател на Комитетот за надзор на секундарното законодавство кој го подготви овој извештај, ја критикуваше практиката CHIS, изразувајќи загриженост за загрозувањето на менталното и физичкото здравје на децата кои се користат долго време во тајни операции.

- Министерството во одбрана на практиката -

Во Извештајот не се дадени информации околу тоа во колку тајни операции колку деца користела британската полиција. Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека оваа бројка е многу мала.

Во ова соопштение се вели дека децата се уникатно средство за добивање информации, особено околу бандите. „Ако се земе предвид дека постојано се зголемува учеството на младите лица, било како сторители, било како жртви, во тешки кривични дела како тероризам, банди, наркотици и сексуална злоупотреба, постои зголемен опсег за младите лица да бидат користени како таен извор за хуманитарно разузнавање“, се наведува во ова соопштение.

Според британските медиуми, експертите велат дека полицијата, откако ги фаќа децата припадници на банди, ги вметнува во овие организации како агенти, и дека водачите на овие организации, во случај да се свесни за оваа состојба, можно е да употребуваат поголемо насилство врз другите припадници на бандата поради сомневање дека се агенти.

Во соопштението на Организацијата за човекови права „Rights Watch“ се критикува оваа практика и се вели дека децата се претворени во пиони во најмрачните места на полициската работа.

Оваа организација нагласува дека поради оваа практика за децата агенти, британската Влада ги прекршува своите обврски во насока на заштитата на човековите права, и тврди дека наместо државата да ги спаси децата од криминал, таа уште подлабоко ги изложува на вршење кривични дела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.