свет

Уапсената поранешна јужнокорејска претседателка доби уште 8 години затвор

Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун Хје, денес е осудена на уште осум години затвор, кои ѝ се додаваат на 24-годишниот период затвор

Ekipa  | 20.07.2018 - Обновена : 21.07.2018
Уапсената поранешна јужнокорејска претседателка доби уште 8 години затвор

Seoul

СЕУЛ (АА) - Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун Хје, денес е осудена на уште осум години затвор, кои ѝ се додаваат на 24-годишниот период затвор, кој го доби откако беше тргната од функција минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).

Парк (66), во април беше осудена по 16 точки од обвинението за корупција, по скандалот за злоупотреба на функцијата, кој ги погоди политичките и бизнис-круговите во земјата.

Денешната пресуда од страна на Централниот окружен суд во Сеул е поврзана со додатни обвиненија против Парк, вклучувајќи илегално добивање на редовни исплати од Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја.

Вкупната сума на пари која Парк ја добила во периодот на нејзиниот мандат од 2013 година, до нејзиниот импичмент во 2016 година, изнесувала 3,1 милион долари.

Донесувањето на пресудата од страна на Судот беше пренесувана во живо на телевизија, иако поранешната лидерка беше отсутна од судницата бидејќи ја бојкотира правната постапка за која смета дека е „политички пристрасна“.

Претходно, обвинителите поднесоа жалба до Високиот суд во Сеул да ја зголеми првичната казна затвор од 24 до период од 30 години, поради злоупотреба на службената положба, заедно со цивилното лице Чои Сон Сил.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.