свет

Во светот има 40,3 милиони „модерни робови“

Извештајот на Глобалниот индекс на ропство на „Walk Free Foundation“ покажа дека „ропството во модерно време“ е повеќе распространето во развиените земји

Betül Yürük  | 20.07.2018 - Обновена : 21.07.2018
Во светот има 40,3 милиони „модерни робови“

New York

ЊУЈОРК (АА) - Се претпоставува дека низ светот има 40 милиони и 300 илјади „модерни робови“, од кои над 400.000 се наоѓаат во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).

Извештајот на Глобалниот индекс на ропство на „Walk Free Foundation“ покажа дека „ропството во модерно време“ е повеќе распространето во развиените земји.

Во овој извештај „модерното ропство“ се опишува како „трговија со луѓе, присилно вработување, присилно стапување во брак, сексуална злоупотреба, продавање и злоупотреба на деца, и класично ропство“.

Според Извештајот, бројот на „модерните робови“ во развиените земји е многу повисок од претпоставената бројка, а се предвидува дека во САД се наоѓаат 400.000 „модерни робови“.

Се вели дека еден на 800 жители во САД живее како „модерен роб“.

Во Извештајот се нагласува дека во Обединетото Кралство се наоѓаат 136.000 „модерни робови“, и дека проценките се дека е зголемен бројот на „модерни робови“ во Австрија, Франција и во други европски земји.

Се истакнува дека развиените земји, увезувајќи производи во вредност од милиони долари, за кои постои сомнеж околу тоа во кои работни услови се произведувани, придонесуваат за „модерното ропство“.

Според овој извештај, во Северна Кореја, каде што секое десетто лице е присилно вработено, има 2 милиона и 600 илјади „модерни робови“, по која следуваат Еритреја, Бурунди, Средноафриканската Република и Авганистан. Се вели дека бројот на „модерните робови“ во Индија, кој во 2016 година изнесувал 18 милиони и 400 илјади лица, сега е намален на 8 милиони лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın