Michael Hernandez
08 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот државен обвинител Џеф Сешнс поднесе оставка по бурните односи со претседателот Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Сешнс соопшти дека поднесува оставка токму на барањето на американскиот претседател.
Ваквата одлука следуваше после тоа што Трамп често јавно го критикуваше државниот обвинител во врска со прашањето за истрага за мешањето на Русија во претседателските избори во 2016 година.
Потсетуваме, американскиот претседател во август повика на прекин на истрага за вмешаноста на Русија во американските претседателски избори.
Сешнс во писмото упатено до Трамп наведе дека му била чест да ја извршува функцијата државен обвинител.
„Ми беше чест да работам на спроведување на законот во согласност со владеење на правото што беше и централен дел на вашата кампања за претседател", напиша Сешнс.
Трамп преку Твитер му се заблагодари на Сешнс поради неговите досегашни услуги и му посака многу среќа.
Истакна дека Метју Витејкер, шефот на персоналот во Кабинетот на државниот обвинител, ќе ја извршува функцијата вршител на должноста додека Сенатот не потврди трајно решение.