Ekipa
16 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Странските прорежимски терористички групи во Сирија го запреа конвојот и ги зедоа за заложници луѓето што се евакуираат од источниот дел на Алепо кој е под опсада. Терористичките групи од опозицијата бараат отстапки, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на дописниците на АА од Алепо, странските прорежимски терористички групи отвориле оган врз конвојот за евакуација во населбата Рамуше, која е под контрола на режимот.
Потоа, пред конвојот што застанал странските прорежимски терористички групи формирале поголема толпа што му го пресекла патот. Насобраната толпа побарала опозициските сили да ја отстранат опсадата на појасите Фуа и Кефреја, каде што живееле нивните роднини.
Околу 800 лица од конвојот од 16 автобуси и некои други возила, биле земени како заложници од страна на странските прорежимски терористички групи.
Познато е дека овие групи се под команда на иранскиот генерал Сејид Џевад.
- Осумнаесет подрачја под опсада на режимот -
Двата појаса, во кои има околу 15.000 население, припадници на шиитските секти, се под контрола на Хезболах и на милицијата контролирана од страна на Иранската револуционерна гарда.
Двата појаса се под опсада на опозицијата, но режимот интензивно праќа помош од воздух. На тој начин се задоволуваат потребите на цивилите.
Ирачкиот генерал Сејид Џевад преку Русија ги претставува своите барања за појасите Фуа и Кефреја, но опозицијата не ги прифаќа барањата за појасите, кои 1,5 година се под нивна опсада.
Опозицијата истакнува дека појасите постојано добиваат помош од воздух, и ситуацијата не може да се споредува со онаа во Алепо.
Од опозицијата велат дека режимот под опсада држи уште 18 подрачја. Таа смета дека доколку бидат прифатени барањата за двата појаса, тогаш силите на режимот можат да започнат нови масакри во 18-те населени места што се под негова опсада.
Опозицијата информира дека доколку силите на режимот започнат напади врз 18-те подрачја, тогаш тие ќе отворат оган на фронтот во појасите Фуа и Кефреја.