Ekipa
16 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Џон Кери, вчера предупреди дека не смее да постои никаков изговор за нападите врз цивилите во сирискиот град Алепо, и додаде дека Алепо не смее да стане втора Сребреница, јавува Anadolu Agency (AA).
„Последното нешто што сакаме да видиме е тоа мало подрачје во Алепо да стане Сребреница“, изјави Кери на дневниот брифинг во Вашингтон, осврнувајќи се на последните случувања во Алепо.
„Не е возможно на кој било начин да се легитимизираат бруталните напади на режимот на Асад и неговите сојузници, Русија и Иран, врз цивилите во Алепо“, изјави Кери.
Тој истакна дека сирискиот режим свесно врши неселективн напади врз цивилите во Алепо.
„Ова не се случајни жртви или непредвидени последици. Цивилите се подложени на брутален терор“, истакна американскиот државен секретар.
На крајот тој нагласи дека САД со Русија и земјите на регионот веќе долго време се обидуваат да пронајдат дипломатско решение за кризата во Сирија.