Emre Aytekin
15 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
КАБУЛ (АА) - Во Кунар, во североисточен Авганистан, убиен е лидерот на пакистанските Талибанци, Мола Фазлулах, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за одбрана на Авганистан, Мухамед Радманиш, потврди дека Фазлулах е убиен во четвртокот, во утринските часови. Со него биле уште двајца припадници на организацијата.
Радманиш истакна дека Фазлулах е убиен во подрачјето Маравара, во близина на пакистанската граница. Нападот е изведен со помош на американско беспилотно летало.
Од командата на американските сили во Авганистан соопштуваат дека цел на нападот, извршен во пограничното подрачје во четвртокот, бил лидерот на терористичката организација.
Командата не потврди дали станува збор за Фазлулах.