Sayed Khodaberdi Sadat
10 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
КАБУЛ (AA) - Владата на Авганистан по 26 години ја презеде контролата врз воздушниот простор на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Авганистан, Хусејин Муртезеви, изјави дека веќе 26 години странски земји го контролираат нивниот воздушен простор.
Тој рече дека со воспоставување на новиот радарски систем на Меѓународниот аеродром во Кабул контролата врз воздушниот простор во потполност ја презеде авганистанската Влада.
Претседателот на државната Канцеларија за цивилно воздухопловство, Махмуд Сах Хабиби, изјави дека авганистанскиот воздушен простор сега целосно ќе биде посигурен.
Нагласи дека новиот радарски систем чинел 30 милиони долари и дека за негова контрола и одржување секоја година е потребно да се издвојат 10 милиони долари.
Стариот радарски систем на аеродромот во Кабул го постави Советскиот Сојуз, но овој систем во значителна мерка е оштетен во текот на судирите во оваа земја во 90-те години. По рушењето на талибанскиот режим во 2001 година, контрола врз воздушниот простор имаа странски земји.