Mehmet Nuri Uçar,Nour Mahd Ali Abu Aisha,Gülşen Topçu
10 Август 2018•Ажурирај: 10 Август 2018
ГАЗА (АА) - Нешто пред полноќ, со посредство на Египет на сила стапи примирјето меѓу Израел и палестинските групи, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА од палестински извори дознава дека пред полноќ на сила стапило примирјето меѓу Израел и групите предводени од Хамас, а за прекинот на огнот посредувал Египет.
Станува збор за петто примирје во последните два месеци воспоставени со посредство на Египет.
Повеќе израелски медиуми објавија дека Израел е подготвен да го сочува примирјето, доколку „ноќта мине мирно“.
Израелската војска ден претходно, во Појасот Газа, регион што го држи под опсада, гаѓаше повеќе од 150 точки. Војската информираше дека од средата вечер се нападнати повеќе од 150 цели, при што од Газа одговориле со 180 ракети.
Во нападите на Израел врз Газа извршени последните два дена, животот го загубија тројца Палестинци, меѓу кои и една трудница со нејзиното 18-месечно дете, а најмалку 12 Палестинци се ранети.