Emel Öz Gözellik
10 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
МЕКСИКО (АА) - Тела на најмалку 20 лица се пронајдени во последните 10 дена во градовите Гвадалахара и Тлахомулко, во мексиканската држава Халиско, јавува Anadolu Agency (AA).
Главниот обвинител во државата Халиско, Раул Санчез, на прес-конференција информираше дека минатата недела во градот Гвадалахара е пронајдена скриена гробница со 10 тела, од кои 9 мажи и 1 жена. Санчез додаде дека во вторникот, во дворот на една куќа во градот Тлахомулко, е пронајдена уште една гробница, исто така со 10 дела.
Се дознава дека телата пронајдени во гробниците им припаѓаат на членовите на наркокартелот од тој регион, а Санчез истакна дека ќе биде започната истрага во врска со наведените случаи.
Во мексиканската држава Халиско делува банда на дилери со дрога под име „Халиско картел на новата генерација“. Од почетокот на јули, во скриени гробници во оваа мексиканска држава се пронајдени повеќе од 40 тела.