Betül Yürük
18 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Постојаната претставничка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, рече дека се исцпени сите опции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за ставање под контрола на нуклеарната програма на Северна Кореја и затоа САД ова прашање ќе го префрли на Пентагон, јавува Anadolu Agency (AA).
Хејли за телевизискиот канал „CNN“ (Си-ен-ен) изјави: „Доколку Северна Кореја несовесно продолжи со нуклеарната програма, тогаш САД ќе бидат принудени да се заштитат себеси и своите сојузници, и Северна Кореја ќе биде уништена. Сите сме свесни за тоа, но никој не сака војна“.
Хејли рече дека се искористени сите расположливи опции и додаде дека на маса е поставена и воената опција.
Постојаната преставничка на САД во ОН, Хејли, потсети дека и покрај предупредувањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека „Северна Кореја ќе се соочи со гневот и лутината на САД“, Пјонгјанг се закани дека ќе го погоди островот Гуам, изврши тестирање на хидрогенска бомба и исфрли два интерконтинентални балистички проектила коишто прелетаа преку Јапонија. Таа беше запрашана: „Дали Трамп се заканува напразно?“ на што одговори:
„Тоа не е празна закана. Додека Северна Кореја се однесува неодговорно, ние се однесуваме одговорно и се обидовме со сите дипломатски патишта. Во Советот за безбедност се исцрпени речиси сите чекори што можеа да бидат преземени. Со задоволство, проблемот со Северна Кореја ќе му го препуштам на генерал Матис, бидејќи тој има повеќе воени опции. Ние, сметајќи на одговорноста што ја имаме, сакавме да се обидеме со сите дипломатски патишта што постојат. Доколку тоа не функционира, тогаш генерал Матис ќе се погрижи за тоа“.